fbpx

Мендух Тачи дел од група што уништувала изборни реклами во Тетово?

-

Пратеникот и претседател на партијата ДПА, Мендух Тачи синоќа од полицијата бил легитимиран како вози автомобил, во кој се превезувале лица осомничени дека оштетиле изборен рекламен материјал на неколку локации во Тетово, пишува Порталб.мк.

Од МВР за Порталб.мк го потврдуваат случајот.

Според полицијата, синоќа (30.09.2021 г.) околу 2 часот по полноќ во СВР Тетово било пријавено дека е оштетен изборен рекламен материјал на одредена политичка партија на неколку различни локации. Оштетувањето го вршеле повеќе лица во две возила со тетовски регистрации.

„Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото „ауди“ го управувал М.Т.(56) од Тетово, а возилото „голф“ го управувал Џ.К.(34) од тетовско. Во возилата биле уште две лица. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...