fbpx

Нови 464 случаи на ковид-19, оздравени 435, а починати 23 лица

-

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на ковид-19: Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5, Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4, Радовиш и Крива Паланка – по 3, Струга и Неготино – по 2, Гевгелија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 435 оздравени пациенти од: Скопје – 183, Гостивар – 43, Куманово – 27, Струмица – 22, Битола – 20, Кичево – 19, Штип – 15, Свети Николе – 13, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Велес и Кочани – по 8, Ресен и Богданци – по 7, Делчево – 6, Неготино – 5, Радовиш и Кратово – по 4, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица – по 3, Берово, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се 23 починати лица: 11 починати лица од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по 3 починати лица од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), 2 починати лица од Велес (60г и 73г) и по едно починато лице од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г).

Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...