fbpx

Пет обвинители вршат истрага за смртоносниот пожар во тетовската модуларна болница

-

Тројца обвинители од Тетово и двајца од Скопје се вклучени во увидот на лице место во тетовската модуларна болница, која синоќа целосно изгоре во пожар во кој животот го загубија најмалку 10 лица.

Како што соопштија од ОЈО Тетово, „тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар“.

Покрај обвинителството, со соопштение се огласи и Владата, од каде посочија дека во Тетово се случи огромна трагадија, а бројот на жртвите може да порасне.

„Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот“, се вели во владиното соопштение.

Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.

Доцна синоќа се одржа состанок на итниот кризен штаб во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за денеска во 10:00 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово.

Според неофицијалните информации, во моментот на избувнување на пожарот во болницата биле сместени вкупно 24 пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази најдлабоко сочуство до семејствата на жртвите.

„Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва“, рече Филипче.

Министерството за здравство апелираше до медиумите и до граѓаните да не шпекулираат со бројките на починати и повредени.

„Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме“, посочија оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...