Филипче: Досега 10 загинати лица од пожарот во ковид болницата во Тетово

-

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека досега 10 лица загинале во пожарот што вечерва ја зафати ковид болницата во Тетово. Во неговиот твит на Твитер, тој дополнува дека бројот на загинати лица може да порасне.

„Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме“, напиша Филипче на Твитер.

Вечерва во Тетово пристигна и премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во општинската зграда во Тетово заседаваше кризниот штаб. Премиерот Зоран Заев и тетовската градоначалничка Теута Арифи по одржаниот кризен штаб рекоа дека нема да излегуваат со изјави до моментот додека официјалните институции не соопштат детали.

Градоначалничката Арифи за медиумите кратко рече дека нема да даваат изјави додека официјалните институции не го соопштат бројот на жртвите, причините за пожарот и целиот тек на работите.

Поради фактот што се немаат точни информации за многу детали, договорено е и одлучено е да не се даваат детали, изјави тетовската градоначалничка Арифи.

Премиерот Зоран Заев се обрати на јавноста преку Фејсбук, информирајќи дека експлозија предизвикала пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

„Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово“, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Модуларната ковид болница во Тетово беше зафатена од катастрофален пожар вечерва нешто по 21 часот, а противпожарните екипи успеаа во брзо време да го изгаснат пожарот.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...