fbpx

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е приоритет на словенечкото претседателство, истакнаа Пахор и Логар

-

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан е геополитичко прашање од највисок приоритет, истакна денеска претседателот на Република Словенија, Борут Пахор на маргините на Преспанскиот форум за дијалог.

Тој порача дека од една страна, земјите од Западен Балкан треба да го забрзаат темпото на реформските мерки, а од друга страна пак, побрзото проширување е суштински и витален интерес на Европската Унија.

Пахор смета дека она што е потребно е да се интегрира регионот на Западен Балкан во целина, да ги вклучи сите земји во својата стратегија за проширување.

„Забавувањето на проширувањето ја забавува довербата на ЕУ во овој регион и остава простор за национализам и за влијание на трети земји,“ додаде Пахор.

Вчера, во видео-порака се обрати и шефот на словенечката дипломатија Анже Логар, чија што држава од вчера го почна претседавањето со ЕУ. Тој испрати порака дека Словенија сака брз старт на процесот на проширување.

„Проширувањето не е техничко, туку клучно, врвно геостратешко прашање, прашање што бара внимание, амбиција и политичка волја на сите чинители за остварување на заедничките цели – цврста и силна Европа. Ако Европа сака да биде целосна и слободна, тогаш земјите од регионот мора да бидат ислушани со инклузивен пристап. Отсуството на стратешки решенија за регионот го остава авионот без пилот, остава простор за други геостратешки играчи да го остварат своето влијание,“ рече Логар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...