fbpx

Пендаровски во посета на Загреб: Претседателот Милановиќ ја потврди поддршката за евроинтеграција на земјава

-

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната официјална посета на Хрватска. Тој во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ.

По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска одржале пленарен состанок за време на кој биле потврдени искрените пријателски односи и плодниот политички дијалог меѓу двете држави. Притоа, биле разменети мислења за повеќе аспекти од билатералните односи, бил реафирмиран константниот интерес за нивно натамошно продлaбочување, а покрај останатото, соговорниците разгледале и прашања од значење за европската иднина на Република Северна Македонија и регионот на Западен Балкан. 

Хрватска е постојан поддржувач на нашите европски интеграции и за време на посетата на претседателот Пендаровски се очекува да биде реафирмирана поддршката за Северна Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, информираат од претседателскиот кабинет.

Претседателот Пендаровски денеска ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Во текот на утрешниот ден, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...