fbpx

Турција ќе ѝ донира на државава 30.000 вакцини „Синовак“

-

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа на својот фејсбук профил напиша дека Турција ќе ни донира 30.000 вакцини „Синовак”. Тоа било кажано од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој вчера во Истанбул имаше работна средба со премиерот Зоран Заев и владини претставници.

„Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган“, напиша Филипче на фејсбук.

Како што информира владината прес-служба, на работната вечера во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, станало збор за заемните пријателски односи меѓу двете држави и динамичната соработка во повеќе области.

Заев го нагласил интересот на турските компании за инвестирање во Македонија и за  продлабочување на деловните и трговски врски.

Од турска страна било потенцирано дека Турција ќе продолжи да ја помага Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...