fbpx

Во ковид центрите има вкупно 123 пациенти од ковид-19, во Скопје се лекуваат 50

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 123 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство, според податоци во последните 24 часа и додава дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 73 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 10, во Штип исто така 10 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 5, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 13 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во Охрид има хоспитализирано 7 лица, во Прилеп 4, во  Гостивар 3, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица лежат 4 пациенти, во Кичево 2, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани лица.

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 2 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 50 болни.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми, во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент и еден нов заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Моментално во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...