Министерството за внатрешни работи, МВР, во текот на вчерашниот ден, 5 јуни, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 38 прекршоци за возачите на мотоцикли и 10 за управување под дејство на алкохол, соопштија од МВР.
Додаваат дека се изречени и пет санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири прекршоци за пешаци и 45 санкции за непрописно паркирање.
Од МВР апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Популарно
МВР: Вчера во Скопје 276 сообраќајни прекршоци, од кои 145 за брзо возење
-