fbpx

Бензините од полноќ поевтинуваат за денар, дизелот поевтин за денар и половина

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто во однос на Одлуката од 22.3.2021 година. Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се намалуваат за 1 денар за литар, додека дизелот поевтинува за денар и половина за литар.

Од ноќеска на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 66 денари за литар, додека максималната цена на Еуросупер БС-95 на бензинските станици ќе му биде 68 денари за литар. Еуродизел БС ќе се продава за 55 денари за литар, додека максималната цена на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 44,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 4,255 отсто, дизелот за 5,212 отсто, екстра-лесното масло за 5,258 отсто и кај мазутот за 4,219 отсто. Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,457 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...