fbpx

Почнува конструирањето на модуларната ковид болница во Гевгелија

-

Кон крајот на оваа недела се очекува да започне изведбата на конструирањето на модуларната ковид болница во Гевгелија, за што е подготвен теренот на кој ќе биде поставена, соопштуваат од Министерството за здравство.

„Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја. Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри, со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија. Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти“, информираат од ова министерство.

Како што пишува на фејсбук страната на Општина Гевгелија, оваа болница е една од планираните 16 модуларни болници во земјата од страна на Министерството за здравство. Од Општината треба да се обезбедат приклучоци за: вода, канализација и струја, како и уредување на локацијата. Ковид-центарот ќе биде поставен на паркинг-просторот на улицата Ѓорге Стамов, крај самата Општата болница, а веднаш до Брза помош.

„Од страна на Oпштината ангажирана е градежна фирма за прилагодување на постојната основица на локацијата на потребите на проектот. Очекувам до крајот на неделата изведбените работи околу обезбедувањето на комунална инфраструктура за модуларната болница да бидат завршени“, изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Тој најави дека на почетокот од идната недела ќе бидат транспортирани елементите за модуларна градба и ќе започне нејзино монтирање. Веднаш потоа, ќе уследи и поставување на опремата веќе набавена од Министерството за здравство, така што, во најскоро време модуларниот ковид-центар во Гевгелија се очекува да профункционира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...