понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: терен | 18 резултати

ДЗС: Се преземаат мерки за спречување поплави, неколку места се критични

2 декември 2017

На одредени места постои опасност од излевање на водата надвор од речните корита, предупредија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од дирекцијата велат дека зголемување на нивото на водата е забележано на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, по горниот тек на Вардар во атарот на селото Раотинце, како и на нивните притоки. „Подрачните одделенија за заштита и […]

Николовски: Пожарите се гаснат со стара нефункционална механизација

5 август 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше на теренот кој беше опожарен во с. Моране, Скопско. – Во овие моменти најважно е да се задржи присебноста и граѓаните да имаат доверба во институциите кои се на терен. Ангажирани се припадници на армијата, хеликоптерите на АРМ, дојдени се уште два хеликоптери на помош […]

Тетовецот Симјановски го освои првото место на ултрамаратонот на Фрушка Гора

24 април 2017

Ултрамаратонецот Александар Симјановски од Тетово го освои првото место на ултрамаратонот на Фрушка Гора, Србија, кој се одржа изминатиов викенд. Се работи за трка по планинска патека долга 107 километри, а вкупната денивелација на патеката изнесува околу 4.200 метри. Симјановски ја истрчал патеката за 16 часа и 38 минути. На целта заедно со него пристигнал […]

„Балкан енерџи“: Работиме на дефектот, не се знае кога граѓаните ќе добијат парно

12 јануари 2017

Екипите на „Балкан енерџи“ веќе се на терен и интензиво работат на санација на дефектот заради редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи, информираат од компанијата. – Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до […]

Илија Димовски од Штип ја најави предизборната работа на терен

18 октомври 2016

Веднаш по распушатањето на Собранието, довчерашниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, од Штип ја почна предизборната работа на терен. Тој најави дека ќе отидат во секое населено место, кај секој граѓанин, поради тоа што, како што рече, „овојпат во прашање е стабилноста на државата“. Во однос на правењето на пратеничките листи, Димовски […]

Во поплавените подрачја ќе се врши вонредна дезинсекција

26 август 2016

Градот Скопје ќе ја изврши теренска дезинсекција во поплавените подрачја по барање од Министерството за здравство, а по претходно донесен заклучок од Владата. Вонредната дезинсекција против комарци ќе се изврши утре од 23 до 2 часот по полноќ.

Струја добија сите во поплавените подрачја

16 август 2016

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите, информираат од компанијата. – Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. И покрај можноста да бидат приклучени под напон уште десетици […]

Гласачите што не биле дома повторно се проверуваат во базата на податоци на ДИК

12 април 2016

ИТ-тимовите на Државната изборна комисија (ДИК) сè уште административно (со вкрстени проверки) ги проверуваат повеќе од 41.435 лица што не биле пронајдени дома при теренската проверка. По проверката, членовите на ДИК треба да го разгледаат извештајот на јавна седница, која ќе се одржи попладневно. Како што вчера соопшти ДИК, анкетарите при теренската проверка се сретнале со 35.481 гласач, со […]

Новиот снег на Попова Шапка ги врати скијачите на ски-патеките

19 март 2016

Мартовскиот снег од половина метар, кој изминатава недела падна на Попова Шапка, ги врати скијачите на патеките. Сите ски-лифтови и жичарници работат. – Снегот е прекрасен, како што го немаше изминатиов месец и половина, одлично ни дојде. Патеките за скијање се убаво подготвени – вели еден посетител. Од раководството на „Попова Шапка“ информираат дека новиот снег ги […]

Чичаковски: Ќе направиме сè да го прочистиме избирачкиот список до 17 април

11 март 2016

Државната изборна комисија ќе ги преземе сите активности за да стигне до 17 април да го прочисти избирачкиот список, изјави претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, по денешната средба со претставници на 20 амбасади во Клубот на пратеници во Скопје. Според него, на денешната седница во ДИК треба да се најде решение и за тоа како […]

Теренската проверка на избирачкиот список се враќа на маса

25 јануари 2016

СДСМ бара „сериозна теренска проверка на избирачкиот список“ за да може да се каже дека ќе има фер и демократски избори. Ова ќе биде и една од темите на денешната средба на работните групи на претставниците на политичките партии, која почнува во 17 часот во Клубот на пратеници. На средбата ќе се разговара и за регулацијата на […]

Со чистка на актерите од „бомбите“, СДСМ го спрема теренот за избори

14 јануари 2016

Преку активностите на своите министри во најважните владини ресори и институции, сè поочигледно е дека СДСМ го подготвува теренот за престојните предвремени парламентарни избори, за кои лидерот на партијата, Зоран Заев, во секоја пригода истакнува дека мора да бидат кристално чисти. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во декември ги разреши началниците на секторите за внатрешни […]

Палка за голф и топче заиграа на говорницата на битолскиот општински Совет

28 декември 2015

Со голф-палка и со топче, кои советникот на ЛДП, Александар Касапов, денеска ги постави на советничката говорница во Битола, опозицијата ја потсети власта на неисполнетите ветувања за голф-терени. По видеоприлогот, пак, на новинската агенција „Мета“ за задолжувањето на Општина Битола со кредит од 2,5 милиони евра за инфраструктура во поранешната касарна, прашањето денеска повторно се најде […]

Груевски: Постојано сум на терен, ова не е предизборна кампања

15 август 2015

Ако претседателот на Владата не е постојано на терен, тоа не е добро и може да се забави работењето на одредени институции, да се загуби контактот со граѓаните и со нивните проблеми, е одговорот на премиерот Никола Груевски на новинарското прашање дали неговото постојано присуство на терен е предизборна кампања. – Од првиот ден на […]

Страна 1 од 1