fbpx

МВР вчера регистрира 685 прекршоци за неносење маски; сакционирани 256 возачи во Скопје

-

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие (21/22.11.2020 година) на територијата на РСМ, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 685 прекршоци. МВР упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Во текот на вчерашниот ден (21.11.) продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Според соопштението на МВР, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 256 мерки, меѓу кои 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 9 за минување на затворен семафор (црвено светло), 14 мерки за користење на мобилен телефон, 50 за неносење заштитна маска, 37 санкции за непрописно паркирани возила, а 32 возила се подигнати од „пајак“ службата. „Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопштија од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз. Кандидатката за претседател поддржана...