fbpx

Во ковид центрите во Скопје во последните 24 часа се примени нови 35 пациенти, а се лекуваат вкупно 474 лица

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 474 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, соопштија од Министерството за здравство, а голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Според податоците од ова министерство, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа, еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, 5 во ковид центарот на Клниката за Неврологија, 7 болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, 2 на Клиниката за нефрологија, а 5 во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 лица.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 37, на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца- Козле има 30 пациенти, од кои 9 деца и 21 возрасен.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопштија од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...