fbpx

Предлог-буџетот за 2021 со три главни цели: поддршка на здравството и економијата, евро-интеграции и реформи во судството

-

Предлог-буџетот за 2021, кој министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави до претседателот на Собранието, Талат Џафери има три цели: поддршка на здравството и на економијата и системски реформи во правосудството и евроатлансите интеграции.

„Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст. Првиот столб е справување со ковид-кризата, вториот е одржлив и зелен раст, третиот е конкурентност на приватниот сектор и четвртиот човечки капитал како и политиките за фискална консолидација на среден рок,“ се вели во соопштението на Министерство за финансии.

Новина во овој буџет е што воведува нов концепт на среднорочно планирање – односно петгодишна рамка за капиталните проекти, растот и дефицитот.

„Со тоа ќе се зајакнат и капацитетите за планирање, но и на реализација на таргетите. Исто така, ќе се воспостават и механизми кои ќе го мерат импактот на проектите врз економијата, како и систем на наградување и казнување на оние кои имаат добра реализација и на оние кои потфрлиле,“ се додава во соопштението.

Од Министерство за финансии велат дека предлог-буџетот за 2021 година се доставува до Собранието навремено, дури и порано од рокот предвиден со буџетскиот процес.

„Министерот за финансии Бесими на средбата посочи дека во насока на самостојноста на буџетот на  Собранието – предлогот доставен од Собранието е инкорпориран во Предлог-буџетот за 2021, како што е даден од страна на законодавното тело без никакви интервенции. Бесими истакна дека со буџетот за 2021 година се прават системски измени кои ќе постават основа за постратешко, подолгорочно и потранспарентно дејствување на јавните финансии во иднина, односно СМАРТ финансии,“ велат од Министерство за финансии.

Бесими очекува една демократска расправа во Парламентот за предлог-буџетот, една дискусија која ќе биде конструктивна и ќе нуди решенија и оптимално дејствување. Бесими истакна дека во време кога целиот свет и глобалната економија се соочуваат со една од најголемите кризи, потребни се одлуки и решенија кои на прво место ќе го ставаат здравјето на граѓаните, но и економијата. Тој додаде дека е ова е време кога исклучително е важно да следиме претпазливо што се случува, да сме агилни – да дејствуваме брзо, но и да размислуваме стратешки на долг рок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паланчанец делел бонови за гориво за време на предизборниот молк

За време на предизборниот молк Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрирало неколку случаи, за кои информира дека се преземени и соодветни мерки од полициски службеници. МВР добило пријава за...