fbpx

Брзите тестови во Здравствен дом од денес бесплатни за граѓаните

-

Здравствениот дом Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо теститрање за ковид 19. Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин.

„По најновата информација дека е добиена донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови кои преку алгоритам на матичните лекари  ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање, Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани од Министерството за здравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата, пак, кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени,“ се вели во соопштението од Министерство за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...