вторник, 18 август, 2026
Meta.mk

Ознака: Здравствен дом | 13 резултати

Здравствен дом Охрид подновен со две нови возила и медицинска опрема

август 12, 2019

Здравствен дом Охрид со сопствени средства набави ново возило за Итната медицинска помош. Како што информираат од Министерството за здравство, амбулантното возило е со комплетна медицинска опрема и вкупната вредност на возилото изнесува 4,6 милиони денари. Медицинските екипи од Охрид се подновени и со ново возило за патронажна служба. За вработените се набавени работни униформи […]

Вработувањата во Здравствен дом-Скопје сè уште не се реализирани

мај 28, 2019

По вклучувањето на 12-те нови амбулантни возила во мрежата на Итната помош, следи реализација на вработувањата и завршување на физибилити анализата, пренесува „Порталб.мк“. Директорот на Здравствен Дом – Скопје, Злате Мехмедовиќ изјави дека конкурсите за вработување се во тек, а се очекува тие да завршат за десетина дена. Во целиот Здравствен Дом се предвидува вработување […]

Пет нововработени лекари во велешката Итна помош

февруари 25, 2019

Министерството за здравство вчера се пофали дека во Службата за итна медицинска помош во Здравствен дом Велес се вработени нови пет лекари. „Елеонора, Марјан и Сања се тројца од петте нововработени лекари во Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот Дом Велес. Задоволни од условите за работа, практичните вештини и можностите за напредување, тие учат […]

Македонија со трипати помалку тимови за Итна помош од Хрватска, а со повеќе работа

ноември 26, 2018

Службата за итна помош за два милиони жители на Македонија функционира со 290 тимови, според одлука на Владата. Хрватска пак, со четири милиони жители има 914 тимови, што е над три пати повеќе, пишува Порталб.мк. За илустрација за тоа во какви услови работат екипите за Итна помош во Македонија, порталот прави споредба со Хрватска, земја […]

Во Охрид презентиран проектот за новиот Здравствен дом

септември 14, 2018

Во рамките на Општа болница Охрид наскоро ќе почне изградбата на нов модерен објект на Здравствениот дом, кој ги задоволува највисоките стандарди за овој тип градби, беше кажано на вчерашниот настан во Општина Охрид, на кој се презентираше архитектонскиот проект. Министерот за здравство Венко Филипче порача дека пари oд државниот буџет за изградбата на модерниот […]

Серија нови именувања на директори на клиники и на здравствени домови

август 4, 2017

Министерството за здравство денеска ги соопшти имињата на новоназначените директори на клиники и на здравствени домови. Промените на директорските места почнаа кон крајот на јуни, речиси еден месец по стапувањето на должност на новиот министер за здравство, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, еден од трите клучни партнери во владината коалиција. Нов директор на Институтот […]

Oбвинителството чека МВР да реагира во случајот со починатите во брзата помош

март 13, 2017

Надлежното јавно обвинителство чека официјално известување и документација за целиот случај од Полициската станица во Крива Паланка, па кога тоа ќе стигне, ќе го разгледа случајот, е одговорот што „Мета“ го доби од службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, на прашањето дали обвинителството по допрен глас ќе го истражува случајот […]

Две лица починале во расипано возило на брза помош

март 12, 2017

Две лица од Крива Паланка со брза помош биле испратени во Ургентниот центар во Скопје денеска, но возилото се расипало и тие починале додека се отстранувал дефектот, некаде пред скопска патарина. Таа информација вечерва по електронска пошта беше испратена до голем број новинари и редакции. „Мета“ се обиде да ги потврди овие наводи, но на телефонската […]

Кривична пријава за поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид

август 8, 2016

Поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ во Охрид, со уште двајца негови соработници, ја оштетиле установата за 598.508 денари односно 9.731 евра. Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишно и 45-годишно лице од Охрид. Во пријавата, опфатен е и 60-годишен […]

Страна 1 од 1