fbpx

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар. Со ова, новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ од утре ќе изнесува 58,50 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот останува иста, односно 50,50 денари за литар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...