Минатата недела 9 деца и 40 вработени во градинките биле позитивни на ковид-19, 482 деца се во изолација

-

Од отворањето на градинките на 9 септември досега ковид-19 позитивни се вкупно 26 деца и 83 вработени во градинките, што претставува збирна бројка, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Минатата недела од 17 до 25 октомври има нови позитивни 9 деца и 40 вработени во градинките. Во моментов 482 дечиња и околу 77 возрасни вработени се во изолација. Нивната здравствена состојба е добра, а изминатиов период имавме само една хоспитализација на дете и еден воспитувач“ рече министерката Шахпаска.

Како што појасни таа, Министерството за труд и социјална политика на дневно ниво ја следи ситуацијата во градинките и секојдневно ги сумира дневните извештаи во неделен извештај и како таков, секој петок во работната недела, ги испраќа до Комисијата за заразни болести, со цел тие да имаат увид во ситуацијата во градинките, како и по однос на предлагањето на нови мерки.

Во врска со капацитетите на градинките, истите не се исполнети бидејќи согласно протоколите, има 20.718 места, а од таа бројка 10.700 деца посетуваат градинка. Шахпаска уште еднаш потенцираше дека родителите ги запишале децата, но не ги носат во градинка.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...