fbpx

НБРМ: За една година пораст од 12,1 отсто на потрошувачките кредити за домаќинствата

-

Во април годинава вкупните кредити на домаќинствата забележале раст од 9,4 отсто во однос на истиот месец минатата година. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,2 отсто, соопшти Народната банка на Македонија (НБРМ).

При тоа, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, биле
непроменети на месечна основа, додека на годишна основа забележале раст од 12,1 отсто. Овој месец, кај станбените кредити е забележан месечен и годишен раст од 0,4 отсто и 13,6 отсто.

Кај автомобилските кредити, втор месец по ред е остварен месечен и годишен пад од 1,2 отсто и 6,4 отсто, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат намалување за 2,1 отсто и 6,3 отсто на месечно и на годишно ниво. Кредитите одобрени врз други основи бележат минимален месечен раст од 0,1 отсто, додека на годишна основа намалување за 5,7 отсто.

Според НБРМ, вкупните депозити во април се непроменети во споредба со март. Годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 6,5 отсто и 7,8 отсто, соодветно. На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 2 отсто. Согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај овој сектор изнесува 4 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...