fbpx

СЗО: Следните неколку недели се клучни за Европа

-

Европа се наоѓа во центарот на корона кризата. Бројот на случаи достигна близу еден милион, а над 84.000 луѓе го загубија животот поради вирусот. Според Светската здравствена организација, околу половина од глобалните случаи на Ковид-19 се регистрирани во Европа.

„Остануваме во центарот на невремето. Сега, повеќе од кога и да било, повикувам на солидарност меѓу земјите. Време е да се засилиме и одговорното лидерство да нè насочи низ оваа бура“, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуж, на брифингот за медиуми, додавајќи дека следните неколку недели ќе бидат клучни за Европа.

Клуж ги повика владите и здравствените власти да размислат пред да почнат со намалување на мерките.

„Кога размислуваме за транзиција, мора да признаеме дека нема брзи победи. На тоа му претходи сложеност и неизвесност. Нема брзо враќање назад во нормала“, рече тој.

СЗО и претходно предупреди дека предвременото укинување на рестриктивните мерки може да доведе до „фатално враќање“ на епидемијата доколку мерките за изолација нагло се укинат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...