fbpx

Хелсиншки комитет: Семејното насилство е убиец број еден на жените

-

Според податоците на Обединетите Нации, семејното насилство е убиец број еден на жените, информираат од Хелсиншки комитет по повод Меѓународниот ден на елиминирање на насилството врз жените.

Секоја трета жена во светот искусила некаква форма на насилство.

„Наместо жената да биде и да се чувствува безбедна во домот, понекогаш најголемата опасност за неа доаѓа токму оттаму. Во нашата земја, само во првите 9 месеци од 2019 година, пријавени се 709 кривични дела од областа на семејното насилство, од кои, 610 биле жени жртви. Може да заклучиме дека семејното насилство и насилството врз жени несразмерно повеќе ги погодува жените, токму поради тоа што се жени“, се вели во соопштението

Земајќи предвид дека истражувањето на ОБСЕ покажува дека „само два проценти од жените кои доживеале насилство од сегашен партнер, го пријавиле во полиција “ зборува дека бројката на жени кои трпат насилство е многу повисока од официјалните статистики.

Исто така, загрижувачки е трендот на прифаќање на насилството во земјата. Истражувањето на ОБСЕ открива дека „три од пет (60 отсто) жени сметаат дека насилството врз жените е вообичаено, а речиси три од десет сметаат дека тоа е многу честа појава.“

„За да се победат овие поразителни бројки, мора да работат заеднички сите актери во општеството: институциите, граѓанските организации, медиумите како и секој граѓанин. Насилството врз жени не е приватна работа, тоа  е општествена појава која треба да се искорени. За поздрав е иницијативата за подготовка на нов Закон против насилство врз жени и семејно насилство кој ги следи одредбите на Истанбулската конвенција, а кој беше изготвен во процес на консултација со граѓанскиот сектор. Новиот нацрт – Закон препознава и санкционира и нови форми на насилство врз жени, дефинирани и во Истанбулската конвенција. Но, потребно е негово побрзо усвојување, за да се започне со обезбедување сеопфатни сервиси до жртвите“, се додава во соопштението.

Насилството врз жените и семејното насилство ја ограничува жената да учествува во економскиот и општествениот живот, предизвикува депресија, чуство на немоќ и безизлезност, а и е грубо кршење на нејзините основни човекови права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...