fbpx

Азески: Мора да продолжиме да работиме како да сме добиле датум, немаме друга алтернатива

-

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески апелираше дека мора да се продолжи да се работи, исто како да сме добиле датум за почеток на преговорите минатата недела.

– Македонија нема друга алтернатива, и мора да продолжи да оди по европскиот пат. Заради тоа, повикувам сите политички чинители во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би учествувале во преговарачките процеси и да се анимираат сите експертски и професионални потенцијали, сите ресурси во општеството, и активно, секојдневно да се продолжи работата за приближување кон европските вредности, традиции и принципи. Овие заеднички тимови мора да продолжат непрекинато да работат без оглед на најавените избори, а ако сакаме воопшто и да помислиме на ЕУ, не смее ни да се помисли на било што друго освен спроведување на изборниот процес по највисоките европски принципи“, вели Азески во писмото до јавноста.

Тој потсетува дека Стопанската комора на Македонија врз основа на искуствата со партнерските Комори во водењето на пристапните приговори на Словенија, Хрватска и Бугарија, има донесено документ за партиципирање во тој процес.

„Во тие земји, претставниците од Коморите биле активно вклучени во целиот тек на преговарачките процеси, па дури и биле главни преговарачи за определени поглавја вклучувајќи ги на пример, поглавјата 11, 12 и 13 поврзани со секторот земјоделие. Затоа, и јавно декларираме дека сме подготвени да ги ставиме сите свои капацитети стручната служба на Комората и база на повеќе од 950 менаџери, стопанственици и експерти од различни области, вклучени во органите и телата на Комората на располагање во тој процес. Заеднички мораме да продолжиме да ги правиме сите потребни реформи не затоа што некој друг од надвор ни ги бара, туку затоа што се неопходни“, додава Азески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...