сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: бранко азески | 40 резултати

Пендаровски-Азески: Во тимовите кои ќе го водат процесот на ЕУ-интеграција да биде вклучена и бизнис заедницата

јуни 19, 2019

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората. Тој укажа дека во 35-те тима кои ќе го водат процесот на ЕУ интеграција мора да се вклучат и претставници од реалниот бизнис. На средбата, Пендаровски најави дека при крајот на наредната […]

Азески: Балканот да покаже дека може подобро, договорот ЦЕФТА е најголемо промашување

март 5, 2019

Не смее да се дозволи политичките спорови да влијаат врз бизнисот во Западен Балкан е пораката пренесена од претставниците на Коморскиот инвестициски форум, на Копаоник бизнис-форум 2019 што се одржува од 3 до 6 март. На панел-дискусијата на тема „Западен Балкан-Регионална економска област“ беше истакнато дека регионалната економска соработка е неопходна за да можат компаниите од Западен […]

Азески-Рукичи: Бизнисмените бараат побрза изградба на автопатот кон Косово

март 1, 2019

Претседателите на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и на Стопанската комора на Косово, Берат Рукичи, одржаа работна средба, на која разговараа за перспективите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за зајакнување на меѓукоморската соработка, која е на исклучително високо ниво во изминатите години. „Азески и Рукичи разговараа за тековните проектни […]

Генералот Стојанче Ангелов добитник на орденот „Свети Никола“ на градот Штип 

декември 18, 2018

Општината Штип вечерва на свеченост ќе му го додели одрденот „Свети Никола“ на генералот Стојанче Ангелов, кој потекнува од Штип. Во образложението од Општината стои дека Ангелов е „патриот и херој кој што во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија“. Бизнисменот Штерјо Наков пак, е еден […]

Азески: ЦЕФТА договорот е мртов, соседите наместо да соработуваат се случува катастрофа

ноември 28, 2018

ЦЕФТА договорот е мртов, тоа само треба да се констатира, рече денеска претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески по средбата со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на која се размениле мислења околу економските прашања од значење за бизнисот. – Загрижува ЦЕФТА договорот кој паѓа. Секој ден имаме кршење на неговите одредби. Ако претставуваше предворје на ЕУ, […]

Четирите комори заедно ќе реагираат против скратената постапка за Законот за личен доход

ноември 26, 2018

Четирите комори во државата, преку проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој се имплементира со поддршка на УСАИД, ќе упатат заедничка реакција што предлог-законот за личен доход ќе се усвојува по скратена постапка, најави претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески во неговата колумна објавена на „Плусинфо“. Тој вели дека роковите за поднесување на коментари на засегнатите […]

Стопанска комора: Прогресивното оданочување ќе предизвика поголеми трошоци за бизнисот

ноември 6, 2018

Прогресивното оданочување ќе предизвика околу 35 отсто повисоки трошоци за плати и 50 проценти повеќе за другите давачки, покажале првичните пресметки на некои од компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија. Претседателот на Комората, Бранко Азески пред денешната вонредна седница на Управниот одбор, рече дека секое ново оптоварување на фирмите ја намалува нивната конкурентност. […]

Азески: Членството во НАТО и ЕУ ќе придонесе за позитивни економски резултати

септември 4, 2018

Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на трибина во организација на Стопанската Комора на Македонија (СКМ) на која заедно со претседателот на комората, Бранко Азески разговараа за перспективите на македонската економија од полноправното членство на земјата во ЕУ и НАТО. – Крајно време е после 27 години независност да ја ставиме Македонија на една брза трака […]

Азески: Треба уште многу работа за да се остварат планираните економски проекции

јуни 7, 2018

Стари патишта, лоша инфраструктура без железничко поврзување и гасоводна мрежа која е едвај пет проценти искористена во просек, таква е сликата на Коридорот 8 на влезот од Бугарија кај Деве Баир, констатираше денеска претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески при работната посета на главната мерна станица на гасоводот на ГА-МА на влезната точка во месноста […]

Азески: Потребно е итно зајакнување на индустријата за одржлив економски раст

мај 18, 2018

Македонија треба итно да ја зајакне основата на својата индустрија со цел да се овозможи одржлив раст на вкупната економија, рече претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески на 13. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување на тема: „Дигитална економија – двигател на економскиот раст“, во Босна и Херцеговина. Тој додаде дека иднината треба да се гради […]

„Даути комерц“ отвори дистрибутивен центар во Подгорица, инвестиција од 3,5 милиони евра

мај 14, 2018

По Косово и Албанија, македонската компанија „Даути комерц“ отвори дистрибутивен центар во Подгорица, а инвестицијата е во вредност од 3,5 милиони евра, информираат од Стопанска комора на Македонија. „По 14 години работа на црногорскиот пазар од 2004 година, своето присуство „Даути комерц“ сега го заокружува со сопствен стопански објект во Подгорица, преку кој ќе се третира […]

Владата и бизнис-заедницата потпишаа меморандум за подобра соработка

мај 9, 2018

Четирите стопански комори и Владата денеска потпишаа Меморандум за формално воспоставување на јавно-приватен дијалог. Меморандумот за соработка треба да придонесе за поголема соработка помеѓу бизнис-заедницата и Владата, зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата. Директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД, Македонија, Едвард Гонзаелс, оцени дека е зголемен дијалогот меѓу Владата […]

Компаниите ги кажаа забелешките, законот за инвестиции влегува во владина процедура

март 5, 2018

Компаниите, членки на Стопанската комора на Македонија, на средбата денеска со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши ги кажаа забелешките за Законот за поддршка на инвестициите кој наскоро ќе влезе во владина процедура. Анѓушев рече дека досегашните забелешки добиени преку јавните дебати биле вградувани во законот, но и дека […]

Азески – Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи законите кои се за подобрување на економијата

март 1, 2018

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, денеска се сретнаа со претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески. Целта, како што рече Мицкоски, е како опозициска партија да изготват поконкурентна и посоодветна економска програма, за да ги освојат симпатиите на бизнис-заедницата. – Како ново раководство, ги презентиравме нашите заложби и планови како […]

Азески: Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин

февруари 20, 2018

Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески при денешната промоција на Клубот на консултанти и експерти. Овој клуб кој ќе функционира во рамките на Комората, потпиша Спогодба за соработка со швајцарската консултантска компанија „АФ консалтинг“, за да можат македонските експерти да работат на странските […]

Азески побара со Грција да се склучи договор за одбегнување на двојното оданочување

февруари 8, 2018

Повторно интензивирање на активностите за склучување на Договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Македонија и Грција, побара претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, од претседателот на Унијата на Грчките трговско-индустриски комори, Константинос Михалос. „Стопанската комора на Македонија и Унијата на грчките трговско-индустриски комори уште во 2007 година пред надлежните органи го покренаа прашањето за […]

Азески: Не постои безболен премин од задолжена економија кон одржлив пораст

декември 29, 2017

Планот за економски пораст преточен во неколку мерки, кој го промовираше Владата, генерално ги содржи насоките и барањата на деловната заедница за кои што Стопанската комора на Македонија, постојано имаше свои предлози и укажувања до креаторите на економската политика, вели претседателот на Стопанска комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески во новогодошното интервју за СКМ. „Мерките во Планот за економски […]

Претседателите на стопанските комори од регионот се сретнаа со Тајани

јули 19, 2017

Претседателите на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, денеска во Подгорица се сретнаа со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Состанокот, на кој присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и претседавачот на собранието на комората, Антони Пешев, се одржал во просториите на Стопанската комора на Црна Гора. „Констатирано е дека со донесувањето […]

Азески: Од ЕУ ни треба помош за владеење на правото, корупцијата и за инфраструктурата

март 10, 2017

„Инфраструктурата останува најголем приоритет, бидејќи таа е основа на сите приказни околу регионалниот развој и пораст, а ние на тој план многу малку имаме направено. Најмногу имаме направено на планот на автопатиштата, најмалку за инфраструктурата на железницата, а и гасификацијата мора да остане голем приоритет,“ изјави претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на […]

Свилановиќ: Крајно време е Балканот да ги препознае пораките од ЕУ

март 7, 2017

„Крајно време е Западен Балкан да ги препознае пораките од ЕУ и да тргне напред преку регионалната соработка“, изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка (РСС), меѓувладино тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, од кој дел е и Македонија. Тој ја модерираше панел-дискусијата што се одржа првиот ден од познатиот бизнис-форум […]

Страна 1 од 2