fbpx

Азески: Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин

-

Државата за прв пат ќе извезува ум на организиран начин, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески при денешната промоција на Клубот на консултанти и експерти.

Овој клуб кој ќе функционира во рамките на Комората, потпиша Спогодба за соработка со швајцарската консултантска компанија „АФ консалтинг“, за да можат македонските експерти да работат на странските пазари.

– Можеби нема да се снајдеме најдобро, бидејќи ни е прв пат, но ќе научиме од искуството. Ова на Македонија и недостасуваше, и добро е што имаме поддршка од „АФ консалтинг“ – додаде Азески.

„АФ консалтинг“ е една од водечките светски консултантски компании со фокус на енергетиката, инфраструктурата со повеќе од 1.500 тековни проекти во областа на индустријата, во повеќе од 75 земји ширум светот.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев рече дека, овој настан треба Македонија да ја предодреди како држава која се повеќе ќе биде препознаена во сферата на индустријата и високите технологии, а се помалку во сферата на ниско-продуктивните работи и производство.

– Потребно е, колку што може повеќе да вградуваме интелектуален труд во нашите производи или нашиот интелектуален труд да биде вреднуван секаде во светот. Формирањето на Клубот на консултанти е чекор во тој правец. Македонија долго време беше препознавана како земјоделска земја од која се извезуваат вино и храна, а многу малку по високо-квалитетни индустриски производи. А, за тоа да се промени, потребно е да се произведуваат производи кои се технолошко развиени. Консултантите, научната фела и стручната јавност е таа која треба да го направи тој исчекор во економијата – додаде Анѓушев.

Тој повтори дека Владата детерминирала значителни средства за иновативни проекти и за развој во т.н трет столб на програмата за индустриски развој која што ќе биде имплементирана преку Фондот за иновативност.

– Предвидени се средства за развој на проекти во малите и средните претпријатија, со тоа што државата ќе партиципира со 70 проценти од трошоците за развој. За брзорастечките компании е предвидено партиципација од 30 проценти од инвестицијата во основни средства. Ако сте компанија која покажувате дека имате раст и сакате понатаму да растете и да купите хали и машини, државата ќе партиципира со 30 проценти од инвестицијата – додаде Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...