fbpx

Пендаровски: До последен момент лобираме за датум, конечната одлука утре попладне

-

По посетата на кумановската касарна, претседателот Стево Пендаровски изјави дека државниот врв до последен момент лобира да се добие датум за преговори и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, Пендаровски смета дека евроитеграцијата останува единствена опција за државата.

– Се прават последни дипломатски напори од наша страна бидејќи работата не е завршена. Денеска почнува состанокот на лидерите на ЕУ што ќе трае и утре. Проширувањето е на дневен ред утре околу пладне кога треба да се донесе формална одлука. Се прават последните напори околу формулациите кои ќе бидат употребени. Во овој момент јас не би одел со сигурен став дека ќе биде ригидно одбиено нашето барање за почеток на пристапните преговори затоа што и премиерот Заев и министрите Османи и Димитров и јас лобираме до последен момент да добиеме формулација која навистина ќе ги вреднува нашите напори во изминатиот период – изјави Пендаровски.

Тој додаде дека целта е да добиеме што е можно порано датум за преговори со ЕУ за да може да се влезе во длабоки реформи со асистенција од Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК проверува пријавени нерегуларности на изборниот ден во Липково

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница, проверуваат дали бројот на избирачки ливчиња од избирачкото место 1112 во Липково, соодвествува со бројот на гласачи од ова место...