fbpx

Од 1 ноември повторно хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз

-

Граѓаните од 1 ноември повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес посочи дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на билетот за едно возење ќе биде утврдена на утрешната седница на Советот на град Скопје.

Билетот за едно возење најверојатно ќе чини 50 денари. ЈСП Скопје ќе набави 300.000 електронски билети што ќе можат да се купат во градските автобуси. Тие ќе треба да се валидираат идентично како и картичките „Скопска“. Цената на билетот е повисока, поради фактот што тие ќе се купуваат кај возачите во самите автобуси.

За да се стимулира користењето на картичката „Скопска“, од есенва граѓаните ќе можат и самите да ја надополнуваат нивната картичка од својот мобилен телефон, но и да проверат колку средства и возења имаат останато на нивната сметка. Со договорот склучен со „Македонски Телеком“ е предвидено да се воведе и оваа можност за граѓаните, која треба да ги скрати чекањата пред продажните центри на ЈСП низ Скопје.

Воедно, при крај е реализацијата на новата Андроид апликација за скопскиот јавен превоз, која на граѓаните преку своите мобилни телефони ќе им овозможи да го проверат возниот ред на автобусите, како и на конкретна постојка да го имаат на увид најкраткото време на пристигнување на следниот автобус.

Тендерот вреден 2,2 милиони евра предвидува и набавка на дополнителни 400 валидатори за картичката „Скопска“, кои ќе се постават во сите автобуси на ЈСП и на приватните превозници. Со можноста за валидација на задната врата на автобусите, ќе се намалат гужвите при влез во автобусите и ќе се намали времетраењето на стоење на автобусите на самите постојки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...