сабота, 11 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: македонски телеком | 32 резултати

Телефонска „Вангири“ измама: Повикот кон +8818 може да чини и до 826 денари по минута

февруари 19, 2020

Веднаш по 6.30 часот утрово голем број граѓани добиле краток повик од за нив непознат број кој што најчесто почнувал на +8818. Мобилниот им заѕвонил само еднаш и веднаш се прекинала врската. Оние кои што го повикале назад бројот се жртви на измама и нивните сметки за мобилна телефонија овој месец најверојатно ќе бидат повисоки. […]

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

февруари 17, 2020

Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците […]

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

јануари 29, 2020

ЈСП – Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, […]

Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

ноември 25, 2019

ЈСП – Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани. Од […]

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

ноември 1, 2019

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на […]

Повик до младите за создавање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост

октомври 10, 2019

Фондот за деца на Обединетите нации, заедно со Фондацијата „Телеком за Македонија“, денес објави отворен повик со кој се повикуваат младите иноватори да достават идеи за дигитални решенија за отстранување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и во секојдневниот живот. Националниот повик, со име „Младински предизвик – дигитална […]

Од 1 ноември повторно хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз

септември 25, 2019

Граѓаните од 1 ноември повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес посочи дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на билетот за едно возење ќе биде утврдена на утрешната седница на […]

„Телеком“ ќе прави билети за едно возење за ЈСП и нова Андроид апликација

јули 18, 2019

„Македонски Телеком“ го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра за подготовка на нова Андроид апликација за паметни телефони, за воведување на 300.000 електронски хартиени билети за едно возење и за набавка на нови валидатори за картичката „Скопска“ за јавниот превоз. ЈСП – Скопје на почетокот од јули го склучило договорот, со кој од претстојнава […]

Андреас Елснер заминува од позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“

мај 22, 2018

Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на „Македонски телеком“, Андреас Елснер, заминува од компанијата од 1 јули 2018 година. „На позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“ беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењето преку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко […]

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Рашковски молчи и зошто не поднесува оставка

октомври 5, 2017

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, молчи и не одговара до кога планира да го крши законот и зошто не поднесува оставка, бидејќи е незаконски да се биде генерален секретар на влада, а во исто време и претседател на собрание на акционери на „Македонски телеком“ за хонорар од 500 евра по одржана седница, се вели […]

„Македонски телеком“ прави сè за поголема соработката со СЈО, вели Елснер

јуни 29, 2017

„Македонски телеком“ ќе направи сè што е во негова моќ за да се зголеми соработката со Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Андреас Елснер, додавајќи дека веќе имале состаноци со СЈО. – Можам да ве уверам дека како компанија на „Дојче телеком“, која ги спроведува политиките на „Дојче телеком“ и на „Маѓар телеком“ […]

Одложено судењето на Слободан Богоевски, Ахмети и Џафери не се појавија

мај 25, 2017

Одложено е судското рочиште за тужбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери против екс-разузнавачот Слободан Богоевски за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“. Тужителите не се појавија во судницата. Ахмети бара бара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари отштета од Богоевски. Судијата […]

Сослушан сведок, расправа за „Маѓар Телеком“ одложена за 10 јули

мај 23, 2017

На главната расправа на судењето за случајот „Маѓар Телеком“, во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат за злоупотреба на службената положба, денеска беше сослушан еден сведок, по што беше одложена за 10 јули, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ кои држеа клучни позиции […]

Андреас Елснер е нов главен извршен директор на „Македонски телеком“

април 25, 2017

Андреас Елснер стапува на позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“ од 1 мај 2017 година, информираат од компанијата. Тој доаѓа на местото на Андреас Маиерхофер, кој на 1 април беше назначен за главен извршен директор на „Т-мобиле“ во Полска. „Елснер доаѓа во „Македонски телеком“ во 2014 година, на чело на секторот за управување со односи […]

СЈО „на работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“

април 24, 2017

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“, во врска барањето за СЈО за претрес на компјутерските системи, а во рамките на истрагата за масовното прислушување. „Во просториите на „Македонски телеком“ денеска е одржана работна средба на повисоко ниво со преставници на оваа компанија, за да се […]

Навремено одговоривме на сите барањата на СЈО, тврдат од „Македонски телеком“

ноември 21, 2016

Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ денеска соопшти дека навремено одговорил на сите барања на Специјалното јавно обвинителство и дека од операторот остануваат отворени за понатамошна соработка со надлежните органи. „Најодговорно тврдиме дека навремено сме обезбедиле одговори на сите барања од Специјалното јавно обвинителство и остануваме отворени за понатамошна соработка со надлежните органи. „Македонски телеком“ е компанија која […]

Дроновите во Македонија го чекаат новото Собрание за да летаат по правилник

ноември 14, 2016

Агенцијата за цивилно воздухопловство подготви правилник за регулирање на управувањето со беспилотни летала, односно дронови, и истиот е доставен до Министерството за транспорт и врски, информираше генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, на работилницата за авијација на „ТАВ Македонија“ во Струга. – Правилникот не може да биде донесен бидејќи Собранието е распуштено. Треба […]

Димитрис Кондоминас, еден од најконтроверзните бизнисмени во Грција

октомври 27, 2016

Поврзан со финансиски, банкарски и со даночни скандали, влијателен во осигурителниот и во медиумскиот свет, грчкиот тајкун Димитрис Кондоминас важи за еден од најконтроверзните бизнисмени во Грција, а за него, поранешниот шеф на УБК, Слободан Богоевски, на „Топ-тема“ на „Телма“ изјави дека го предложил Никола Груевски да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Кондоминас во Грција е активен […]

„Македонски телеком“ со најголем број корисници во фиксниот сегмент

мај 4, 2016

„Македонски телеком“ ја одржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 61,2 отсто, според интерна процена, односно 221.000 корисници на крајот од првите три месеци од 2016 година, соопшти компанијата преку Македонска берза. – Приходите од говорни услуги во првите три месеци од 2016 година во фиксниот сегмент се намалија за 8,5 отсто во […]

„Македонски телеком“ ќе исплаќа дивиденда од 17,09 денари по акција

април 12, 2016

Собранието на „Македонски телеком“ АД – Скопје на својата годишна седница денеска ги усвои годишната сметка, ревидираните финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на друштвото за 2015 година. Собранието, на седницата усвои одлука за распоредување на нето-добивката, во износ од 1.474.683.110 денари (23.978.587 евра) за исплата на бруто-дивиденда. Право на дивиденда за 2015 година […]

Страна 1 од 2