fbpx

Сослушан сведок, расправа за „Маѓар Телеком“ одложена за 10 јули

-

На главната расправа на судењето за случајот „Маѓар Телеком“, во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат за злоупотреба на службената положба, денеска беше сослушан еден сведок, по што беше одложена за 10 јули, соопштија од Основниот суд Скопје 1.

Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ кои држеа клучни позиции во Македонски телеком се шест години недостапни за органите на прогонот.

За следното продолжување на главната расправа на 10 јули ќе бидат испратени покани за другите предложени сведоци, извести судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...