fbpx
Таг: главна расправа

таг: главна расправа

Судењето за пожарот во тетовскиот ковид центар продолжи со изнесување на писмените докази

Во Основниот суд во Тетово денеска продолжи главната расправа на судењето на обвинетите лица за пожарот што лани го зафати тетовскиот ковид-центар, во кој животот го загубија 14 лица. Јавниот обвинител од Тетово денеска ги презентираше насловите на писмените докази во врска со овој случај. Откако обвинителот заврши со презентирањето на писмените докази, одбраната на обвинетите лица Флорин Бесими, Артан...

Судењето за „Рекет“ против Боки 13, Катица Јанева и Кичеец почнува на 3 декември

Основниот кривичен суд - Скопје соопшти дека судењето против Бојан Јовановски -Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милевски - Кичеец, кои се обвинети за рекетирање, ќе почне на 3 декември. Скопскиот Кривичен суд соопшти дека за случајот „Рекет“ е назначен судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска.

Џафери во суд: Извикуваа дека сите ќе нè убијат

Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Кривичниот суд каде сведочеше за жестокиот напад врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во упадот во Собрранието на 27 април минатата година. На денешната главна расправа, Џафери е првиот сведок. На почетокот на рочиштето, судијката Славица Андреевска го...

Кочан не се чувстува виновен за „Труст“, СЈО најави дека ќе го докаже спротивното

Не се чувстувам виновен, изјави бизнисменот Сеад Кочан на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое почна денеска во Кривичниот суд во Скопје. Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“, СЈО ги товари дека со невистинити и фалсификувани документи добиле тендер на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) вреден 17...

Сослушан сведок, расправа за „Маѓар Телеком“ одложена за 10 јули

На главната расправа на судењето за случајот „Маѓар Телеком“, во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат за злоупотреба на службената положба, денеска беше сослушан еден сведок, по што беше одложена за 10 јули, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ кои држеа клучни позиции во Македонски телеком се шест...

Грујовски не се појави на рочиштето за „Тврдина 2“

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да се одржи рочиште за случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски. Во судот се појавија обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Трајче Пеливанов, како и дел од обвинетите. Меѓу нив, засега ги нема Грујовски и неговиот адвокат Никола Додевски. Случајот „Тврдина 2“ е еден од...

Итната помош дала „виза“ за рочиште за „Диво Насеље“, обвинетите немале повреди од ќотек

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово, од 9 и од 10 мај минатата година, и покрај интервенцијата на екипа на Итната помош, која била повикана откако шестмина обвинети се пожалиле на здравстени проблеми и на повреди, кои, наводно, ги добиле при транспортот од затворите каде издржуваат притвор. Поради...

Кривичниот суд има 477 стари нерешени предмети, најстариот е од 1998 година

Во Основниот суд Скопје 1, во одделите за кривично полнолетни, кривично малолетни и Одделението за организиран криминал и корупција, има вкупно 477 стари нерешени предмети, постари од две години, а најстариот е од 1998 година, покажала последната анализа направена во јуни годинава, соопштија денеска од судот. Судии од Апелацискиот суд, кои на почетокот на април биле во посета на првостепениот суд, утврдиле...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...