fbpx

Од четврток многу топло време во земјава – демне опасност од пожари

-

Топлото време што ќе ја зафати нашата земја од четврток до средината на следната недела ги алармираше државните власти околу можноста за појава на пожари. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) нагласува дека наредните денови ќе биде активирана жолтата фаза за високи температури, а во некои региони и портокаловата фаза.

Поради порастот на температурите на воздухот, ДЗС апелира да се внимава при престој на отворено и да не се фрлаат цигари, догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и шума, да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар, да не се пали отпад и друг горлив материјал и да не се палат стрништа и меѓи. Ако се забележи пожар, веднаш да се извести противпожарната единица на телефонот 193.

Од ДЗС соопштуваат дека продолжува важноста на забраната за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП за национални шуми. Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, ДЗС презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од пожари. Во периодот до 15 август трае националната кампања за заштита од пожари, под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени – Природата е наша одговорност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...