fbpx

„Њујорк тајмс“ ја вброи Македонија во најдобрите дестинации за 2015 година

-

Престижниот американски весник „Њујорк тајмс“ ја стави Македонија во првите 10 од вкупно 52 дестинации кои треба да се посетат во текот на 2015 година.

Македонија е наведена како нова хит-дестинација на Балканот.

„По Хрватска и Црна Гора, Македонија е следната туристичка дестинација во Западен Балкан. Позната по старите манастири и по бистрото Охридско Езеро, Македонија е одлично место за сите љубители на храната и на виното. Местата како што е Шар Планина ѝ даваат алпски изглед, што е одлична атракција за љубителите на планинарењето“, пишува „Њујорк тајмс“.

На листата од 53 дестинации, пред Македонија се наоѓаат Милано (Италија), Куба, Филаделфија, националниот парк Јелоустоун, Чиле, Сингапур, Дурбан (Јужна Африка), Боливија и Фарските Oстрови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.