fbpx

Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет на средби со Заев и Пендаровски

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји-членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и воени почести се пречекани пред платото пред Владата, по што се очекува да имаат средба со премиерот Зоран Заев.

Со работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција во НАТО и претставници на Влада што ќе се одржи потоа, ќе претседаваат Заев и Столтенберг.

Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот, Стево Пендаровски.

Генералниот секретар на НАТО пристигна вчера и присуствуваше на прием организиран од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

– Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам  Северна Македонија како триесеттата членка на нашата Алијанса. И да го видам вашето знаме развеано пред нашето седиште во Брисел, како и во нашите мисии и операции насекаде низ светот – рече Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...