fbpx

Елиф Шафак и други турски писатели под истрага поради наводна педофилија

-

Познатата и наградувана турска писателка Елиф Шафак, чии дела се преведени и на македонски, е ставена под обвинителска истрага во Турција, пишува „Гардијан“.

Обвинителите покренаа истрага против неколку прозни автори, а активистите тоа го оквалификуваа како сериозна закана за слободата на говорот. Целиот случај се отвори по жестока дебата на социјалната медиуми, во која прозаистите што се зафаќаат со чувствителни теми – како малтретирање деца и сексуално насилство, беа обвинети дека ги поддржуваат ваквите практики.

Сè почна со споделување на една страница од роман од Абдула Шефки, за кој еден онлајн медиум кажа дека станува збор за директно прикажување на сексуален напад на едно дете раскажан од устата на педофилот. Министерството за култура и туризам рече дека поднело кривична пријава против писателот.

Потоа корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат делови од романи од други автори, вклучувајќи ја и Елиф Шафак, изнесувајќи слични обвинувања.

Шафак вели дека примила илјадници вознемирувачки пораки во изминатите денови и дека обвинителот побарал да ги истражи нејзините романи, вклучително и „Трите ќерки на Ева“ од 2016 година.

– Сè во турскатата книжевност што има некаков пасус за сексуални напади на деца, сакаат да го истражат. Ова е нов фокус за нив. И, се разбира, иронијата е дека ова е земја во која имаме ескалирачка бројка на случаи со сексуално насилство врз деца и жени. Турските судови не преземаат мерки, законите не се сменети. Така, во земја во која треба да се преземат итни чекори за справување со сексуалното насилство, тие наместо тоа ги прогонуваат писателите. Тоа е најголемата трагедија. Ова стана лов на вештерки – вели Шафак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...