fbpx

Во серија напади на цркви во Шри Ланка најмалку 207 загинати

-

Во серија бомбашки напади на три цркви и четири хотели во Шри Ланка, на прв ден Великден според Грегоријанскиот календар, загинаа најмалку 2017 лица, а над 450 се повредени.

Најмалку 27 од загинатите се странци.

Засега никој не презема одговорност за нападите во земјата каде до 2009 се водеа борби со сепаратистичките герилци Тамилски тигри.

Локалните христијани велат дека последниве години се изложени на големи притисоци од екстремистички будистички свештеници.

Полицијата уапси седум лица осомничени за организирање на нападите од Великденскиот масакр, но истрагата продолжува. При обид за апсење, неколку часа по нападите, во една куќа биле убиени тројца полицајци.

Некои од нападите биле извршени од бомбаши самоубијци.

Во градот Коломбо е прогласен полициски час и беше блокиран пристапот до социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...