fbpx

ДИК: До 17 часот гласале 35,13 отсто од гласачите со право на глас

-

Излезноста во првиот круг на претседателските избори до 17 часот е 35,13 отсто, односно 496.774 гласачи од 70 отсто од обработените податоци, информираше портпаролката на Државна изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска.

„Доколку би го следеле овој тренд, доколку се обработени 100 отсто од податоците тоа би значело дека на гласање до 17 часот изглегле околу 600 илјади граѓани“, соопшти таа.

Најголема излезност има во Крива Паланка 57 отсто, Демир Капија 52 отсто, Демир Хисар 51 отсто, Крушево 50 отсто, Новаци 53 отсто и Прилеп 50 отсто.
Места со најмала излезност се Липково 13 отсто, Желино 13 отсто, Центар Жупа 12 отсто и Пласница 12 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...