fbpx

МЗШВ: Се укинува забраната за движење во шуми и шумски подрачја

-

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29 март годинава, информираат од таму.

Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

„Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постетува дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството. За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството“, се вели во соопштението.

Од таму информираат дека сите надлежни институции следниот период ќе ја следат состојбата на терен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...