fbpx

Приватните здравствени установи ќе може да користат средства од Фондот за иновации

-

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) се одржа првата инфо сесија со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на која компаниите од разлчни сектори се инфорираа за вториот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Програмата е дел од Планот за економски раст на Владата, наменет за сите микро, мали и средни претпријатија, а годинава на барање на Сојузот и приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес може да аплицираат за средствата.

Директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски, информираше дека досега формуларот за апликација го пополниле околу 300 компании.

„Новина е што овој повик, покрај микро,мали и средни претпријатија сега е отворен и за приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес. Остануваме отворени за сугестии и препораки од вас компаниите. Затоа и ги менуваме и прошируваме можностите за да им излеземе пресрет и на овој сегмент од економијата во кој лежи голем потенцијал за развој на иновации“, изјави Деспотовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...