fbpx

Бензинот поскапува за два, а дизелот за еден денар

-

Бензините, од ноќеска на полноќ, поскапуваат за два денара, а за денар дизелот и естра-лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 64,5 денари,  „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 66,5 денари, а „еуродизел“ ќе се плаќа 61 денар за литар.

РКЕ ја донесе одлуката за новите цени на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...