fbpx
Таг: масло

таг: масло

Литар сончогледово масло е цената за литар пиво во германски паб

Еден паб во Минхен најде нов начин да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа, така што им дозволи на клиентите да го платат своето пиво со сончогледово масло за да обезбедат обилни залихи за пржење шницли, објави Ројтерс. Со оглед на тоа што Украина и Русија сочинуваат околу 80 отсто од светскиот извоз на сончогледово масло, многу...

Бензинот поскапува за два, а дизелот за еден денар

Бензините, од ноќеска на полноќ, поскапуваат за два денара, а за денар дизелот и естра-лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 64,5 денари,  „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 66,5 денари, а „еуродизел“ ќе се плаќа 61 денар за литар. РКЕ ја донесе одлуката за новите цени на горивата врз...

Минимално намалување на трошоците за живот

Трошоците за живот во ноември се намалени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето на трошоците за живот е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17 проценти, оризот за 8 проценти, компирот за 1,2 отсто, месото за 0,6 отсто,...

Горивата ќе поевтинат за три денари

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“, на „еусросупер БС-98“ и на „еуродизел“ ќе се намалат за три денари по литар од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Со намалувањето, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 60 денари за еден литар, „еусросупер БС-98“ ќе се продава по 62 денари за еден литар, а малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 47 денари за еден литар.

Горивата поевтинуваат ноќеска на полноќ

Бензинот поевтинува за денар и половина, а дизел-горивото и екстралесното масло за домаќинство зa половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 61 денар, а еден литар „еуросупер БС-98“ ќе чини 63 денари. Новата цена на дизел-горивото е 49 денари, а на екстралесното масло за домаќинство - 37,50 денари за еден литар.

Тодоров: Од денеска во продажба масло од канабис

Реализиравме уште едно значајно ветување за унапредување на здравствената заштита на граѓаните. Од денеска, во аптеките во земјава е достапно масло од канабис кое се издава без лекарски рецепт, објави денеска на својот фејсбук-профил министерот за здравство, Никола Тодоров. „Со оваа новина излеговме во пресрет на барањата на граѓаните и на стручната јавност, чии забелешки, мислења и сугестии имавме можност да...

Бензинот поевтинува за половина денар

Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар, а дизел-горивото и екстралесното масло за домаќинство остануват со непроменета цена во согласност со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Имено, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 62 денари за еден литар, а новата цена на еден литар „еуросупер БС-98“ ќе биде 64 денари. Дизел-горивото и понатаму ќе се продава по цена од 47 денари за еден...

Бензинот и дизелот поскапуваат

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и на „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за 0,5 денари за еден литар и со тоа цената на „еуросупер БС-95“ изнесува 62,50 денари, а на „еуросупер БС-98“ изнесува 64,50 денари за еден литар. Малопродажните цени на „еуродизел (Д-Е V)“ и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за еден литар.

(ВИДЕО) Отсега можете да го допрете и звукот

Обликот на звукот не е видлив, но научниците успеале да го решат тој проблем, вперувајќи ги ултразвучните бранови во слој масло, па задебелувањата на површината на маслото станале видливи. Технологијата е овозможена со користење ефекти, кои ги произведува ултразвукот, а наречен е „акустична радијациска сила“. Фокусирајќи комплексни видови ултразвуци во човековата рака, научниците успеаја да направат допирлив звук. https://www.youtube.com/watch?v=kaoO5cY1aHk

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...