fbpx

Цената на нафтата и понатаму паѓа

-

Цената на нафтата и понатаму паѓа поради зголемената понуда и намалувањето на побарувачката.

Русија, наспроти ова, руши рекорди во производство, додека, пак, Ирак бележи невиден извоз.

Сепак, за состојбата со цената на нафтата дополнително силно влијае и одлуката на ОПЕК од ноември минатата година дека нема намера да го намали производството на нафта и дека земјите-членки на оваа организација лесно ќе ги пребродат ниските цени на црното злато.

Американската нафта поевтини на 51,40 долари, што е најниско ниво на цената од мај 2009 година, додека цената на европскиот „брент“ опадна на 55,25 долари за еден барел.

Имајќи ги предвид состојбите на економиите во Кина, Јапонија и во еврозоната, аналитичарите не очекуваат посилен пораст на побарувачката за нафта наскоро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...