„Сигејт“ го претстави најтенкиот диск

„Сигејт“ го претстави преносливиот диск „севан“ со капацитет од 500 гигабајти, за кој тврди дека е најтенкиот на светот. Дебелината на куќиштето на дискот, како што наведуваат од компанијата, изнесува само седум милиметри.

За постигнувањето на ваквата дебелина, меѓу другото, заслужен е интерниот диск „асган“ со дебелина од пет милиметри, додека целото куќиште е изработено од нерѓосувачки челик, Дополнителни детали и спецификации не се објавени, а продажбата на овој екстерен диск почнува кон крајот на месецов. Препорачаната продажна цена за американскиот пазар изнесува 100 долари.

Дискот е претставен во рамки на прославата на 35-годишнината од почнувањето на масовното производство на 5,25-инчниот диск за користење во компјутери.