fbpx

Димитров: Со Коѕиас станавме вистински пријатели и постигнавме историски договор

-

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по повод оставката на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас вели дека двајцата со Договорот од Преспа постигнале нешто што претходните 27 години се сметало за невозможно.

-Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕиас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, градејќи мост на пријателство и докажувајќи дека и нашиот регион може да решава спорови и да создава иднина – вели Димитров.

Тој на Коѕиас му посака добро здравје и успех во сите идни предизвици.

– Од наша страна, ние ќе продолжиме со силна посветеност кон заокружување на ова историско решение, заедно со останатите прогресивни и демократски сили во Скопје и Атина – додаде Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...