fbpx

Заев апелира до Иванов да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција

-

Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, а референдумот тоа само ќе го потврди, апелираше денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот фотоволтаичен систем на приватен објект, Заев напомена дека првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на Македонија.

– Верувам во нашиот народ и во успешноста на процесот со кој ќе се гордеат многу генерации – истакна премиерот.

Нарекувајќи го Договорот фер и правичен, Заев напомена дека веќе е вторпат ратификуван. Следува референдум, уставни промени, а потоа и ратификација во грчкиот Парламент по што Договорот и официјално стапува во сила, односно ќе почне употребата на новото име.

Во врска со денешните пресуди за обидот за убиство на Зијадин Села, премиерот беше дециден, дека тие значат само понесување одговорност за оној што го прекршил Законот.

– Владеењето на правото мора да важи за сите – потенцира Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...