понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Договор со Грција | 68 резултати

Заев до опозицијата: Знаеме дека сте против Договорот со Грција, но кажете како понатаму

октомври 12, 2018

Премерот Зоран Заев, на денешната седница на Комисијата за уставни прашања испрати апел до пратениците од опозицијата да размислат, како што рече, до самиот крај пред носењето одлука за уставните измени со кои ќе се спроведе Договорот со Грција. -Јасна е позицијата на опозицијата, вие сте против, но кажете како понатаму. Јасно е дека без […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство

октомври 12, 2018

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство. Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени согласно Договорот со Грција е закажан во […]

Втор ден комисиската расправа за уставните измени

октомври 12, 2018

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба ќе ја одржи втората седница на која се расправа за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Грција. Расправата почна завчера, но ставовите на власта и опозицијата не се променија. Власта смета дека ова е неповторлива шанса за напредок на Македонија и членство во ЕУ и НАТО, а […]

Меркел со писмо до Заев: Да се преземат важни чекори за имплементација на Договорот со Грција

октомври 9, 2018

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев. „На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на […]

Хан: ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од деструктивниот пристап

октомври 9, 2018

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието. Тој од ВМРО ДПМНЕ побарал да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, […]

Бошњаковски: Примарна цел на Владата е да обезбеди двотретинско мнозинство

октомври 3, 2018

Собранието и сите политички партии треба да ја следат волјата на граѓаните искажана на референдумот. Процесот во моментот е во Собранието и интенцијата е да се обезбеди двотретинско мнозинство, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со информациите објавени во некои медиуми дека нема да има […]

Шекеринска-Османи: Институциите имаат легитимитет за имплементација на Договорот од Преспа

октомври 1, 2018

Со мнозински изразената волја за европска Македонија пратениците во Македонија немаат друга опција освен да ги следат гласовите на мнозинството со цел државата да го забрза членството во НАТО и ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. – Ова е време кога на Македонија и потребно […]

Заев: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори 

октомври 1, 2018

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорoт со Грција. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапишаните студенти на ФИНКИ. Заев истакна дека […]

Заев: Нема да поднесам оставка, пратениците да го следат гласот на мнозинството

септември 30, 2018

Европска Македонија доби повеќе гласови за од било кој победник на било кои избори во историјата на независна Македонија. Дури и ако имаше цензус и ако имаше 1.100.000 гласачи овој резултат од 600.000 граѓани ќе значеше јасна определба за европска Македонија, рече премиерот Зоран Заев на втората прес-конференција по завршувањето на референдумот. -Сега кога имаме […]

Почна гласањето на референдумот, право на глас имаат 1.806.336 гласачи

септември 30, 2018

Утринава започна гласањето на референдумот на кој, според одлуката донесена од страна на Собранието, прашањето на кое ќе се изјаснат граѓаните гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“. Гласањето се одвива непречено, освен со неколкуминутно задоцнување на три гласачки места во Прилеп и […]

Загубени 25 години, резултатот е ист

септември 25, 2018

Последниве месеци се дебатира за терминот Северна Македонија како компромисно решение за името по потпишувањето на договорт со Грција. Тој предлог, сепак, не e ниту нов. Ниту првпат предложен. Факсимил од насловната страница на весникот „Нова Македонија“, од 7 март 1993 година, го покажува насловот „Северна Македонија“ прифатливо за Грција?“ . Од тогаш минаа 25, […]

Димитров: Изјавата на Иванов е срамно бегство од одговорност

септември 24, 2018

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да излезе да гласа на референдумот ја оцени како „срамно бегство од одговорност“. – Да се каже тоа, не од Македонија, туку од преку океанот, е срамно бегство од одговорност. Да не се учествува е бегство од одговорноста. Одоговорноста од немање визија […]

Заев на „Фејсбук“: Македонскиот јазик ќе биде официјален во комуникацијата со ЕУ

август 21, 2018

Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на својата официјална „Фејсбук“ страница. „Со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина […]

Владата в среда ќе соопшти колку ќе потроши за кампањата за референдумот

август 20, 2018

До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата. Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за […]

Димитров: Македонија се зацврствува со Договорот, никој нема да не дели и распарчува

август 17, 2018

Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа како држава. Никој нема да не дели и распарчува, напротив земјава станува полноправна членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за „Телевизија 24“. Тој од идниот четврток еднаш неделно на „Прашајте го министерот“, ќе одговара […]

Владата објави 10 факти за Договорот со Грција: Заштитени се јазикот и идентитетот, нема веќе ФИРОМ

август 8, 2018

На помалку од два месеци пред референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, Владата на својата веб-страница објави 10 факти за Конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратешко партнерство. Според Владата, Договорот е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. „Договорот е влог во македонската […]

Димитров: Бегањето од референдумот не е патриотизам

август 6, 2018

Не смееме да заборавиме дека пропуштивме многу европски возови и дека патот кон нашата стратегиска цел е сe потесен и потежок. Наша должност е да направиме сe што можеме за да се качиме на овој воз, бидејќи никој не знае кога и дали ќе има друг, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју […]

Иванов: Со Договорот со Грција правно се укинува македонскиот народ

август 2, 2018

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање по повод 2 Август – Илинден од Мечкин камен од Крушево, голем дел од својот говор го посвети на Договорот со Грција, за кој рече дека е „резултат на славољубие“. „Заслепени од рефлекторите, на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на […]

Иванов: Македонија заслужува членство во НАТО без дополнителни услови

август 1, 2018

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, потенцирал дека не го прифаќа Договорот постигнат помеѓу Македонија и Грција бидејќи со него се крши Уставот, законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на […]

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе го бојкотира референдумот

јули 31, 2018

Заев одлучи на сила да турка прашање кое е бесмислено и повеќезначно, само за да ја покрие капитулацијата во преговорите со Грција и прифаќањето на капитулантски договор со кој се исполнуваат грчките црвени линии и се прават отстапки какви што нема направено ниту еден политичар во историјата на Република Македонија, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Страна 1 од 4