fbpx

Во Собрание продолжува расправата за уставните измени

-

Во Собранието на Република Македонија и денеска ќе продолжи седницата на која пратениците расправаат за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

Неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница побараа средба помеѓу нивниот лидер Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев за изнаоѓање решение за Договорот од Преспа и за излез од кризата.

Елизабета Канческа-Милевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, поранешна министерка за култура и обвинета во случајот „Тендери“ на СЈО, вчера во Собранието ги повика Заев и Мицкоски да седнат на заедничка маса за да го најдат потребниот консензус и одржливо решение кое може да се најде преку неколку суштински измени на Договорот од Преспа.

Заев рече дека е подготвен да седне и да разговара со Мицкоски за власта и опозицијата заеднички да ги изготват амандманите.

-Ние сме само изработувачи на нацрт-амандмани и заедно ќе ги работиме ако треба и овде во Парламентот ќе доаѓаме од Владата за да го потврдиме идентитетот, македонскиот јазик дали во постојните амандмани или ќе изработиме и петти амандман. Грција нема ништо против нашиот идентитет и нашиот јазик. Спремен сум да разговарам со грчката страна затоа што тоа не е спорно. Проблемот е во разграничувањето на Северна – рече Заев.

Денешната собраниска седница е закажана во 12 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...