fbpx

Заев: Нема да поднесам оставка, пратениците да го следат гласот на мнозинството

-

Европска Македонија доби повеќе гласови за од било кој победник на било кои избори во историјата на независна Македонија. Дури и ако имаше цензус и ако имаше 1.100.000 гласачи овој резултат од 600.000 граѓани ќе значеше јасна определба за европска Македонија, рече премиерот Зоран Заев на втората прес-конференција по завршувањето на референдумот.

-Сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска Македонија, време е пратениците во Собранието да го следат гласот на мнозинството за да ги забрзаме процесите за НАТО и ЕУ и да обезбедиме подобра иднина. Гласот на граѓаните е јасен повик сите политички партии да работат за оваа цел. Ги повикувам сите одговорни лидери, секој пратеник, да се обединиме и да ја одведеме нашата земја таму каде што припаѓа во ЕУ и НАТО – рече Заев.

Тој истакна дека подобар договор со Грција нема и не може да има, и дека алтернатива за членство во ЕУ и НАТО нема и не може да има. Тој ги повика сите да ги стават националните интереси пред се и над се и порача „да не си играме играчки со нашата идинина и иднината на Македонија“.

Заев го повтори ставот дека во спротивно единствена друга деморкатска алака која преостанува се предвремени парламентарни избори веднаш.

-Изборите не би требало да бидат најпосакуваната опција туку неопходна опција доколку дојде до тоа. Остануваат неколку денови да направиме напори да видиме дали ќе има двотретинско мнозинство во Собранието. Ако нема, веднаш ќе се преземат чекори за распишување избори за да ги запазиме роковите. Изборите би можеле да се одржат до крајот на ноември – додаде Заев.

На новинарско прашање дали ќе даде оставка како што ветил доколку не успее референдумот, Заев рече дека не само што нема намера да поднесе оставка туку дека има намера Македонија да ја направи членка на НАТО и ЕУ.

Тој им се заблагодари на тие што гласаа „за“ и „против“ бидејќи, како што рече, преземале одговорност и им се заблагодари и на дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои презеле одговорност за својата татковина и излегле да гласаат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...