fbpx

Заев – Моравјецки: Силна поддршка од Полска Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

-

Премиерот Зоран Заев утрово придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров имаше работен појадок со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецки.

Од владиниот кабинет информираат дека полскиот премиер изразил поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Тој честитал за постигнатиот договор со Грција за кој вели дека отвора можности да почнат разговори за вклучување на Македонија во ЕУ. Тој додаде дека Полска ја поддржува Македонија и во НАТО интеграциите, што, како што рече, ќе биде добро и за безбедноста во овој дел од Европа.

-Сакам да се заблагодарам на премиерот Моравјецки, Владата на Полска и граѓаните на Полска, за драгоцената поддршка на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, во клучните моменти кога тоа беше потребно за нашите граѓани, видовме дека имаме силна поддршка од Република Полска да започнеме преговори за пристапување кон ЕУ и да добиеме покана за членство во НАТО, посебно по историскиот договор што го постигнавме со Грција.Оваа порака од Полска денеска е многу значајна за Република Македонија, ако земеме предвид дека доаѓа моменти пред Советот на ЕУ, на којшто очекуваме да се потврдат позитивните вести за започнување на преговори со ЕУ – рече Заев.

Заев нагласи дека со одлуката за отворање пристапни преговори на Македонија со ЕУ и покана од Алијансата за влез на Македонија во НАТО, значи поголема безбедност и стабилност на целиот регион на Западен Балкан, но и на Европа и на светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.