Помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања, Мирослав Јенча, на средбата со премиерот Зоран Заев ја поздравил посветеноста за спроведување на реформите како и заложбите на владата за демократија, владеење на правото, човековите права и меѓуетничките различности. Тој понудил поддршка од системот на Обединетите нации во спроведувањето на реформите, особено во областа на достигнување на Целите за одржлив развој, соопштија ОН.
Покрај Заев, Јенча разговараше и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателите на собраниските комисии, претставници од граѓанското општество, дипломатскиот кор и тимот на Обединетите нации.
Јенча ја поздравил и активната поддршка на владата за тимот на Обединетите нации во земјата, како и учеството во работата на ОН и на глобално и на национално ниво. На средбите била нагласена и важната улога на политичките лидери и граѓанското општество во спречување на поделбите и во унапредување на правата на малцинствата и јакнење на улогата на жените.