И Халили утре ќе поднесе оставка, не можел да го трпи притисокот врз Антикорупциска

-

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Сејди Халили за порталот „Порталб“ изјави дека утре ќе поднесе оставка, бидејќи не може да го трпи притисокот од јавноста.

Тој вели дека сака да отвори пат за реализација на новите политики во борбата против корупцијата.

„До вечер сум член на Комисијата, утре планирам да поднесам оставка. Не можам повеќе да го трпам овој притисок што се прави од медиумите и од јавноста. Оставката не доаѓа само од притисокот, туку поради тоа што сакаме да отвориме пат за новите сили, луѓе и политки. Според Законот, Антикорупциската комисија се избира како колективно тело, и ако си одиме сите, ќе дојдат нови луѓе. Инаку мандатот го имаме уште една година, не верувам дека овој состав ќе функционира дотогаш“, истакна Халили.

Тој додаде дека и другите членови треба да си поднесат оставка.

„Според мое мислење, сите би требало да си дадеме оставка, да се објави конкурс или тоа да го реши новата влада. Треба да се избере нов состав, за да борат против корупција на свој начин“, додава Халили.

Денеска, оставка од Антикорупциска комисија поднесе претседателот, Игор Тантуровски, а вчера Горан Миленков.

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и...